Вметнување хиперврски со Навигатор

Во вашиот документ може да вметнете референца како хиперврска со користење на Навигаторот. Можете дури да упатувате на елементи од други документи од LibreOffice. Ако кликнете на хиперврската кога е отворен документот во LibreOffice, вие ќе бидете пренесени на референцираниот елемент.

  1. Отворете ги документите што содржат елементи на кои сакате да упатите.

  2. Во Стандардната лента кликнете на иконата Навигатор.

  3. Кликнете на стрелката до иконата Режим на влечење, и осигурете се дека е избрано Вметни како хиперврска.

  4. Најдолу во листата на Навигаторот изберете го документот што го содржи елементот до кој сакате да упатите.

  5. Во листата на Навигаторот кликнете на знакот плус веднаш до елементот што сакате да го вметнете како хиперврска.

  6. Повлечете го елементот до местото каде што сакате да ја вметнете хиперврската во документот.

Името на елементот ќе биде вметнато во документот како подвлечена хиперврска.

Please support us!