LibreOffice 24.8 Help
Можете да го вметнете тековниот датум како поле што се ажурира секогаш кога ќе го отворите документот или како поле што не се ажурира.
Изберете Вметни - Полиња - Други и кликнете на ливчето Документ.
Кликнете на „Датум“ во ливчето Тип и направете една од следните активности:
За да го вметнете датумот како поле што се ажурира секогаш кога ќе го отворите документот кликнете на „Датум“ во листата Избор.
За да вметнете датум како поле што не се ажурира, кликнете на „Датум (фиксен)“ во листата Избор.