LibreOffice 24.8 Help
Во текстуални документи можете да додадете последувателно нумерирани наслови на графички објекти, табели, рамки и објекти за цртање.
Можете да го уредите текстот и опсезите на броевите за различни видови наслови.
Кога додавате наслов на слика или на било коj друг објект, објектот и текстот на насловот се додаваат заедно во нова рамка. Кога додавате наслов на табела, текстот на насловот е вметнат како пасус веднаш до табелата. Кога додавате наслов на рамка, текстот на насловот е додаден во самата рамка, или пред или зад постојниот текст.
За да ги преместите и објектот и насловот, повлечете ја рамката што ги содржи овие елементи. За да го ажурирате нумерирањето на насловот, откако ќе ја преместите рамката, притиснете F9.
Одредување наслови
Изберете го елементот на кој сакате да му додадете наслов.
Одберете Вметни - наслов.
Одберете ги саканите опции и потоа кликнете на OK. Ако сакате, можете да напишете и некој друг текст во полето Категорија на пример „Фигура“.
Можете да го уредите текстот на насловот директно во документот.
Насловот се форматира со стил на пасус што соодветствува со името на насловот Категорија. На пример, ако вметнете наслов за „Табела“, стилот на пасусите на „Табелата“ се применува и на текстот на насловот.
LibreOffice може автоматски да додава наслов кога вметнувате објект, графика, рамка или табела. Изберете Алатки - Опции - LibreOffice Writer - Автоматски наслов.