LibreOffice 24.8 Help
Можете да правите пресметки што се протегаат низ повеќе од една табела во одреден текстуален документ.
Отворете текстуален документ, вметнете две табели и внесете броеви во неколку ќелии во двете табели.
Поставете го покажувачот во празна ќелија во една од табелите.
Притиснете F2.
Во Лентата за формули внесете ја функцијата што сакате да ја извршите, на пример, „=SUM“.
Кликнете на ќелија што содржи број, притиснете плус (+), а потоа кликнете на друга ќелија што содржи број.
Притиснете Enter.