Прикажување на резултатот од пресметка во табела во друга табела

Можете да направите пресметка на ќелии во една табела и да го прикажете резултатот во друга табела.

  1. Отворете текстуален документ, вметнете табела со повеќе колони и редови и вметнете друга табела што се состои од една ќелија.

  2. Внесете броеви во некои од ќелиите од големата табела.

  3. Поставете го покажувачот во табелата со една ќелија и притиснете F2.

  4. Во Лентата за формули внесете ја функцијата што сакате да ја извршите, на пример, „=SUM“.

  5. Кликнете во ќелија од големата табела што содржи број, притиснете го знакот плус (+) и кликнете на друга ќелија што содржи број.

  6. Притиснете Enter.

Note Icon

Ако сакате, можете да ја форматирате табелата да се однесува како нормален текст. Вметнете ја табелата во рамка и вкответе ја рамката како знак. Рамката останува вкотвена до прилепениот текст и кога вметнувате или бришете текст.


Please support us!