LibreOffice 24.8 Help
Можете да користите претходно дефинирани функции во формула, а потоа да го вметнете резултатот од пресметката во текстуален документ.
На пример, за да пресметате средна вредност од три броја, направете го следното:
Кликнете во документот каде што сакате да ја внесете формулата и притиснете F2.
Кликнете на иконата Формула и изберете „Средна вредност“ од листата на Статистички функции.
Напишете ги трите броеви разделени со вертикални линии (|)
Притиснете Enter. Резултатот е вметнат како поле во документот.
За да ја уредите формулата, кликнете двапати на полето во документот.