LibreOffice 7.6 Help
Ги менува својствата на деловите кој се поставени во документот. За да внесете дел, изберете одреден текст или кликнете врз документот, а потоа изберете Внеси - Дел.
Дијалогот Уреди делови е сличен на Внеси - Дел и ни ги нуди следниве дополнителни опции:
Внесете го името на Делот врз кој сакате да извршите измени или притиснете на одредено име во Список на делови. Ако курсорот во моментот се наоѓа во одреден Дел, ќе се прикаже името на соодветниот дел, од десно од статусната лента, на дното на прозорецот од документот.
Симболот кој личи на катанец го прикажува постојниот статус на заштита од правење измени, пред името на Делот во списокот. Отворен катанец значи не постои заштита, а затворен значи дека не се можни измени. На сл. начин кај оние Делови кои се видливи се појавува симбол на очила.
Го отвора дијалоготОпции каде можете да го измените изгледот на колоните, позадината, однесувањето на фуснотите и забелешките, избраниот Дел. Ако Делот е заштитен со лозинка, морате прво да ја внесете лозинката.
Го отстранува избраниот Дел од документот и ја вметнува содржината на Делот во документот.