LibreOffice 24.8 Help
За да го завршите ова мора да дефинирате празни групи знаковни низи. Тие не бараат многу место, но носат информации кои помагаат во процесот на подредување.
За да направите празни групи, внесете големи загради {} во командниот прозорец. Во следниот пример, целта е да се постигне прекин на линијата така што знаците плус се еден под друг, дури и ако еден знак помалку е внесен во погорната линија:
a+a+a+{} newline {}{}{}{}{}a+a+a+a
Празните низи од знаци се едноставен начин да се осигурате дека текстовите и формулите се подредени в лево. Тие се дефинирани со користење на наводници "" . Осигурајте се дека не употребувате долни наводници. Пример:
"Понатамошен пример." нова линија a+b нова линија ""c-d