Линијари

Може да ги користите вертикалните и хоризонталните линијари на левиот и горниот раб од работниот простор на LibreOffice Impress за да Ви помогнат во креирањето на вашиот слајд. Деловите од линијарите што ја покриваат областа од слајдот се бели.

Tip Icon

Кога избирате објект, неговите димензии се прикажани на линијарите како двојни сиви линии. За прецизна промена на големината на објектот, повлечете една од двојните линии на нова локација на линијарот.


Кога избирате текстуален објект на слајд, вовлекувањата и табулаторите се прикажани на хоризонталниот линијар. За да ги промените поставувањата за вовлекување или табулатори на текстуалниот објект, повлечете ја ознаката за вовлекување или за табулатор на нова локација на линијарот.

Исто така може да повлечете линија за прикачување од линијарот за да Ви помогне во порамнувањето на објектите на вашиот слајд. За да вметнете линија за прикачување користејќи го линијарот, повлечете го работ на линијарот внатре во слајдот.

За да ги прикажете или скриете линијарите, изберете Приказ - Линијари.

За да ги зададете мерните единици на линијарот, кликнете со десното копче на линијарот и потоа изберете нова единица од листата.

За да го смените почетокот (на координатниот систем, точката 0) на линијарот, повлечете го местото на пресек меѓу двата линијари во горниот лев агол од работниот простор. Ќе се појават вертикални и хоризонтални водилки. Продолжете со влечењето сѐ додека вертикалните и хоризонталните водилки не се постават на местото каде што сакате да биде новиот почеток и потоа пуштете го копчето на глушецот. За да го ресетирате почетокот на линијарите на стандардните вредности, кликнете двапати на местото на пресек.

За промена на маргините на слајдот, повлечете го работ на белата област во линијарите.

Please support us!