Испраќање факсови и конфигурирање на LibreOffice за испраќање факсови

За директно испраќање факс од LibreOffice, потребен Ви е факс модем и управувач за факс којшто им овозможува на апликациите да комуницираат со факс модемот.

Испраќање на факс преку дијалогот за Печатење

  1. Отворете го дијалогот Печатење со избирање на Датотека - Печати и изберете го управувачот за факсот во полето со листа Име.

  2. Со кликање на Во ред се отвора дијалогот за Вашиот управувач за факс, каде што можете да го изберете примачот на факс.

Конфигурирање на LibreOffice икона за факс

Можете да го конфигурирате LibreOffice така што со кликање на иконата автоматски се испраќа документот како факс:

  1. Choose - LibreOffice Writer - Print.

  2. Изберете го управувачот за факс од полето со листа Факс и кликнете Во ред.

  3. Кликнете ја иконата со стрелка на крајот од лентата Стандардно. Во паѓачкото мени, изберете Приспособи.

    Се појавува страницата со ливчиња Алатникна Приспособи.

  4. Кликнете Додади команди.

  5. Изберете ја категоријата "Документи" и потоа изберете ја командата "Испрати стандарден факс".

  6. Кликнете Додади и потоа Затвори.

  7. На страницата со ливчиња Алатници, кликнете го копчето со стрелка надолу за да ја поставите новата икона каде што сакате. Кликнете Во ред.

    Вашата лента Стандардно сега има нова икона за испраќање на тековниот документ како факс.

Please support us!