Повлечи и пушти со Приказот на извори на податоци

Повлечи и пушти е брз начин на копирање од извор на податоци во текстуален или документ за табеларна пресметка, или за креирање форми базирани на извор на податоци.

Покажувачот на глушецот копира податоци

Копирање со повлечи и пушти

Ако сакате да вратите повлечи и пушти, позиционирајте го покажувачот во Вашиот документ и изберете Уреди - Отповикај.

tip

Исто така е можно да се копира со повлечи и пушти од документ во извор на податоци:


tip

Текстуалната табела или избраниот опсег на табеларната пресметка може да се повлече и пушти во местото за сместување на табелата во пребарувачот на извор на податоци.


tip

Обичен текст може да се копира со употреба на повлечи и пушти од еден документ во поле со податоци во приказот на извор на податоци.


Употреба на податоци во текстуален документ

Можете да вметнете поле на база на податоци во текстуален документ со влечење на името на полето од заглавјето на колоната на приказот на базата на податоци во документот. Ова е особено корисно кога се дизајнираат формулари. Едноставно повлечете ги саканите полиња - домашна адреса, форма на адреса итн. - во Вашиот документ

За вметнување на целосен запис, изберете го соодветното заглавје и повлечете го во документот. Кога ќе го отпуштите копчето на глушецот, се појавува дијалоготВметни колони на база на податоци, во кој ќе можете да одлучите дали да се користат сите полиња на базата на податоци и дали да се копираат податоците како текст, табела или полиња во документот. Ќе бидат избрани сите избрани записи.

Применување на податоците во табеларен документ

Можете да вметнете еден или повеќе записи во тековниот лист на табеларната пресметка со избирање на редовите во приказот на извори на податоци и нивно влечење и пуштање во неа. Податоците ќе се вметнат на местото каде што ќе го отпуштите копчето на глушецот.

Вметнување контроли во текстуален формулар

Кога ќе креирате текстуален формулар поврзана со база на податоци, можете да ги генерирате контролите со повлечи и пушти од приказот на извор на податоци.

Кога влечете колона од базата на податоци во текстуалниот документ, вметнувате поле. Ако ги задржите тастерите Shift+ додека влечете, се вметнува текстуално поле, групирано со соодветното поле со ознака. Текстуалното поле веќе ги содржи сите информации од базата на податоци коишто Ви требаат за формуларот.

Please support us!