Влечење и пуштање во LibreOffice документи

Има многу опции за преместување или копирање објекти со повлечи и пушти. Делови на текст, цртање објекти, графики, контроли на формулари, хиперврски, опсези на ќелии и многу други можат да се преместуваат или копираат со глушецот.

Забележете дека покажувачот на глушецот прикажува знак кога копирате и стрелка кога креирате врска или хиперврска.

Покажувач на глушецот

Опис

Покажувачот на глушецот преместува податоци

Преместување

Покажувачот на глушецот копира податоци

Копирање

Покажувачот на глушецот вметнува врска

Креирање врска


Ако притиснете Ctrl или Shift+Ctrl додека го отпуштате копчето на глушецот, можете да имате контрола дали објектот се копира, преместува или пак се креира врска.

Icon Drag Mode

Ако влечете објекти надвор од Навигаторот, можете да назначите во подменито на иконата за Режим на влечење на Навигаторот дали да се копира објектот, се вметне како врска или хиперврска.

tip

Можете да откажете повлечи и пушти во LibreOffice во кое било време со притискање на Esc тастерот пред да го отпуштите копчето на глушецот.


Please support us!