Регистрирање и бришење на база на податоци

Податоци од која било датотека со база на податоци може да се регистрира во LibreOffice. Регистрирањето значи да му се каже на LibreOffice каде се наоѓаат податоците, како се организира, како да се добијат и друго. Откако базата на податоци е регистрирана, можете да ја употребите мени командата Приказ - Извори на податоци за пристапување до записите на податоци од Вашите текстуални документи и табеларни пресметки.

За регистрирање на постоечка датотека со база на податоци:

  1. Изберете Алатки - Опции - LibreOffice Основни - Бази на податоци.

  2. Кликнете Додади и изберете ја датотеката со база на податоци.

За отстранување на регистрирана база на податоци од LibreOffice

  1. Изберете Алатки - Опции - LibreOffice Основни - Бази на податоци.

  2. Изберете ја датотеката со бази на податоци и кликнете Избриши.

Please support us!