LibreOffice 24.2 Help
Со користење на форми, можете да дефинирате како да се презентираат податоците. Отворете текстуален документ или табеларна пресметка и вметнете ги контролите како копчиња за притискање и полиња со листа. Во дијалозите за својства на контролите, можете да дефинирате кои податоци ги прикажуваат формите.
Во LibreOffice, можете да креирате нова форма со употреба на Волшебник за форми:
Отворете ја датотеката со бази на податоци каде што сакате да се креира новата форма.
Во левиот панел од прозорецот на базата со податоци, кликнете на иконата Форми.
Кликнете Користете Волшебник за креирање форми.
Отворете ја датотеката со бази на податоци каде што сакате да се креира новата форма.
Во левиот панел од прозорецот на базата со податоци, кликнете на иконата Форми.
Кликнете Креирај форма во приказ на дизајн.
Се отвора нов текстуален документ. Употребете го Контроли на форма за вметнување на форми на контрола.
Кликнете на иконата Форми за пристап до сите форми кои се креирани од тековниот прозорец на бази на податоци. Дополнително, можете да ги употребувате иконитеКонтроли на форми за додавање на контроли на форми за бази на податоци на кој било Writer или Calc документ, но овие документи нема да се листаат во прозорецот на базата на податоци.