LibreOffice 24.8 Help
Користете ја таблата за исечоци за копирање на содржината на единечна ќелија. Исто така можете да копирате формула од ќелија во таблата со исечоци (на пример, од линијата за внесување на лентата за формули) така што формулата може да се вметне во текст.
За копирање на опсег на ќелија во текстуален документ, изберете го опсегот на ќелија во листот и потоа употребете ја или таблата со исечоци или повлечи и пушти за вметнување на ќелиите во текстуалниот документ. Потоа ќе најдете OLE објект во текстуалниот објект, кој што подоцна можете да го уредите.
Ако влечете ќелии на нормалниот приказ на документ за презентација, ќелиите ќе се вметнат таму како OLE објект. Ако влечете ќелии во приказот со контури, секоја ќелија ќе формира линија на приказот со контури. Ако само ги влечете ќелиите ќе ги движите ќелиите. Ќелиите ќе бидат копирани само ако го притиснете Shift тастерот додека влечете.
Кога копирате опсег на ќелија од LibreOffice Calc во таблата со исечоци, објектите за цртање, OLE објекти и графикони во овој опсег исто така се копираат. Тие исто така се копираат кога ќе направите повлечи и пушти. Сепак, објектите ќе бидат вметнати само ако ги пуштите во истиот документ.
Ако вметнете опсег на ќелија во вклучен графикон, графиконот ќе ја задржи врската со опсегот на изворната ќелија само ако ги копирате заедно графиконот и опсегот на изворната ќелија.