Исклучување на Автоматско препознавање на URL

Кога внесувате текст, LibreOffice автоматски препознава збор кој може да биде URL и го заменува зборот со хиперврска. LibreOffice ја форматира хиперврската со директни атрибути на фонтот (боја и потцртување) својствата кои се земени од одредени стилови на карактер.

Ако не сакате LibreOffice автоматски да препознава URLа кога внесувате, има неколку начини на исклучување на оваа карактеристика.

Отповикај URL препознавање

  1. Кога внесувате текст и забележувате дека автоматски се претвора во хиперврска, притиснете +Z за отповикување на ова форматирање.

  2. Ако подоцна го забележите ова претворање, изберете ја хиперврската и изберете ја командата на менито Форматирај - Стандардно форматирање.

Исклучување на URL препознавањето

  1. Вчитајте документ од типот за кој сакате да се измени URL препознавањето.

    Ако сакате да го измените URL препознавањето за текстуални документи, отворете текстуален документ.

  2. Изберете Алатки - Автоматска корекција.

  3. Во дијалогот за Автоматска корекција, изберете го ливчето Опции.

  4. Ако одмаркирате URL препознавање, зборовите повеќе нема автоматски да се претвораат во хиперврски.

    Во LibreOffice Writer има две полиња за означување пред URL препознавање. Полето во првата колона е за подоцнежно уредување а полето во втората колона е за Автоматска корекција додека пишувате.

Please support us!