LibreOffice 24.8 Help
Одредува како избран графички објект е вметнат во документ.
Вметнува копија од графички објект директно во документ.
Ја вметнува избраната графика како врска. Поврзан графички објект е референца до оригиналот. Предноста на врската е тоа што бара помалку место за чување отколку „копијата“од оригиналот.
Наредбата Преглед ја прикажува избраната графика. Изберете повторно Преглед за да го вратите оригиналниот приказ. Исто така можете да го вклучувате или исклучувате Прегледот со кликнување двапати на графиката или со притискање на тастерот за празно место.
Доделува наслов на избран објект од Галеријата. Темата од Галеријата не смее да биде заштитена од запишување. Насловот ќе биде поставен кога ќе го затворите дијалогот Внес на наслов со Во ред. Кај поврзаните објекти, патеката на изворот се појавува во загради по насловот.
Ја брише избраната графика по потврдата.