Претворање на мерни единици

Во некои дијалози можете да ги внесете мерните вредности во полиња за внесување. Ако внесете само нумеричка вредност, се користи стандардната мерка.

Стандардната мерна единица за текстуални документи во Writer ја дефинирате во дијалогот што ви се отвора кога избирате Алатки - Опции - LibreOffice Writer - Општо. За Calc, Draw, и Impress, отворате документ од тој тип, а потоа ја отворате соодветната страница Општо како и во Writer.

Во полето за внесување единици за должина можете исто така да ја додадете и кратенката за единицата од следнава листа:

Кратенки на единици

Објаснување

мм

Милиметар

см

Сантиметар

in or ″

Инч

pi

Pica

точка

Точка


Формули за претворање на единиците:

На пример, во текстуален документ, отворете Форматирај - Пасус - Вовлекување и Растојание. За да се вовлече тековниот пасус за еден инч, внесете 1 ин или 1" во полето „Пред текст“. За да се вовлече пасусот за еден 1 см, внесете 1 см во полето за внесување.

Tip Icon

За да ја внесете максималната или минималната дозволена вредност, соодветно, кликнете на тековната вредност и потоа притиснете Page Up или Page Down.


Please support us!