Во LibreOffice можете да регистрирате различни извори на датотеки. Содржината на полињата на податоци потоа Ви се достапни за употреба во разни полиња и контроли. Вашиот системски адресар е таков извор на податоци.
LibreOffice обрасците и волшебниците употребуваат полиња за содржината на адресарот. Кога е активирано, главните полиња во обрасците автоматски се заменуваат со полиња од изворот на датотеки од вашиот адресар.