Карактеристики на LibreOffice Chart

Графиконите Ви овозможуваат полесно да ги визуелизирате податоците.

Може да креирате графикон од изворни податоци од табеларна пресметка во Calc или табела во Writer. Кога е графиконот вгнезден во истиот документ во кој се наоѓаат податоците, тој останува поврзан со нив и автоматски се ажурира кога ќе ги измените изворните податоци.

Видови графикони

Изберете од множеството 3Д-графикони и 2Д-графикони, како што се графикони со ленти, графикони со линии, графикони за акции итн. Може да го менувате видот на графиконот со неколку кликнувања на глушецот.

Одделно форматирање

Може да прилагодите одделни елементи на графиконот, како што се оските, ознаките на податоците и легендите со десно кликнување на нив во графиконот или со иконите од алатникот и наредбите од менито.

Please support us!