Доделува одредени својства на избраниот објект. Во зависност од избраниот објект, командата отвара дијалози кои можете исто така да ги отворите со избирање на следните команди од менитоФорматирај:
Отвара дијалог за Ѕид на графиконот, каде можете да ги промените својствата на ѕидот на графиконот. Ѕидот на графиконот е "вертикална" заднина позади податочната област на графиконот.
Го отвара дијалогот за Област на графиконот, каде што можете да ги смените својствата за областа на графиконот. Област на графиконот е заднина позади сите елементи на графиконот.
Го отвара дијалогот за Подот на графиконот, каде можете да ги промените својствата на подот на графиконот. Под на графиконот е долната област во 3Д графиконите. Оваа функција е достапна само за 3Д графикони.
Овој дијалог ви овозможува да ги промените својствата на избраната податочна точка. Дијалогот се појавува кога имате изберено само една податочна точка кога ќе изберете Форматирај - Својства на објектот. Некои од елементите на менито се достапни само за 2Д или 3Д објекти.
Користи го ова за да ги промените својствата на избраната податочна серија. Овој дијалог се појавува кое е избрана една податочна серија со избирање на Форматирај - Својства на објектот. Некои од елементите на менито се достапни само за 2Д или 3Д графикони.
Reset
Resets changes made to the current tab to those applicable when this dialog was opened.