Позиционирање на објекти

Може да користите котви за да позиционирате објект, графика или рамка во документ. Вкотвениот елемент останува на место или се преместува кога го менувате документот. Достапни се следниве опции за вкотвување:

Вкотвување

Ефект

Како знак

Го вкотвува избраниот елемент како знак во тековниот текст. Ако висината на избраниот елемент е поголема од тековната големина на фонтот, висината на линијата што го содржи елементот се зголемува.

За да се центрира слика на HTML-страница, вметнете ја сликата, вкответе ја „како знак“ и потоа центрирајте го пасусот.

До знак

Го вкотвува избраниот елемент до знак.

До пасус

Го вкотвува избраниот елемент до тековниот пасус.

На страница

Го вкотвува избраниот елемент на тековната страница.

До рамка

Го вкотвува избраниот елемент до околната рамка.


Кога вметнувате објект, графика или рамка, се појавува икона на котва каде што е вкотвен елементот. Може да позиционирате вкотвен елемент со влечење на преметот на друга локација. За да ги промените опциите за вкотвување на елементот, кликнете со десното копче на глушецот на предметот и изберете опција од подменито Котва.

Please support us!