Вчитување листи со бои, градиенти и шрафури

Можете да употребувате листи за организирање на шеми со бои, градиенти или шрафури. LibreOffice овозможува повеќе листи кои можат да се вчитаат и употребат во вашите документи. Ако сакате можете да додадете или избришете елементи од листа, или дури и да креирате сопствени листи.

За вчитување на листата со бои:

  1. Изберете Форматирај - Област, и потоа кликнете го Бои табот.

  2. Кликнете го Вчитај листа со бои копчето.

  3. Лоцирајте за листата со бои која сакате да се вчита и потоа кликнете Отвори. Листата со бои има формат [filename].soc.

За зачувување на листа со бои, кликнете го Зачувај листа со бои копчето, внесете име на датотека и потоа кликнете Зачувај.

CMYK листата е оптимизирана за печатење бои, додека боите во Web и HTML листите се оптимизирани за приказ користејќи резолуција од 256 бои.

За вчитување на листата со градиенти:

  1. Изберете Форматирај - Област, и потоа кликнете го Градиенти табот.

  2. Кликнете го Вчитај листа на градиенти копчето.

  3. Лоцирајте ја листата со градиенти која сакате да се вчита и кликнете Отвори. Листата со градиенти има формат [filename].sog.

За зачувување на листа со градиенти, кликнете го Зачувај листа со градиенти копчето, внесете име на датотека и потоа кликнете Зачувај.

За вчитување на листа со шрафури:

  1. Изберете Форматирај - Област, и потоа кликнете го Шрафура табот.

  2. Кликнете го Вчитај листа со шрафури копчето.

  3. Лоцирајте ја листата со шрафури која сакате да се вчита и кликнете Отвори. Листата со шрафури има формат [filename].soh.

За зачувување на листа со шрафури, кликнете го Зачувај листа со шрафури копчето, внесете име на датотека и потоа кликнете Зачувај.

Форматирај - област

Вчитување стилови на линија и стрелки

Please support us!