Алатник за навигација на форми
Алатникот за навигација на форми содржи икони за уредување на табела од база на податоци или за контрола на приказот на податоците. Алатникот е прикажан на дното од документот што содржи полиња што се поврзани со база на податоци.
Може да го користите алатникот за навигација на форми за да се движите по записите како и да внесувате и да бришете записи. Ако податоците се зачувани во форма, промените ќе бидат префрлени во базата на податоци. Алатникот за навигација на форми исто така содржи функции за подредување, филтрирање и пребарување на записите со податоци.
Може да ја користите иконата „Алатник за навигација“ на алатникот Повеќе контроли за да додадете алатник за навигација на форма.
Алатникот за навигација е видлив само за форми што се поврзани со база на податоци. Во приказот за дизајнирање на формата, алатникот за навигација не е достапен. Исто така погледнете за алатникот за табеларни податоци.
Приказот на податоци може да го контролирате со функциите за подредување и филтрирање. Оригиналните табели не се менуваат.
Тековниот редослед за подредување или филтер се зачувува со тековниот документ. Ако е некој филтер поставен, ќе биде активирана иконата Примени филтер на алатникот за навигација. Карактеристиките за подредување и филтрирање можат исто така да бидат конфигурирани во дијалогот Својства на формата. (Изберете Својства на формата - Податоци - својства Подредување и Филтер).
Ако основа на формата е SQL-израз (видете Својства на Формата - ливче Податоци - Извор на податоци) тогаш функциите за филтрирање и подредување се достапни само кога SQL-изразот се однесува на само една табела и не е напишан во режим на изворен SQL.
Апсолутен запис
Го прикажува бројот на тековниот запис. Внесете број за да отидете на соодветниот запис.
Прв запис
Ве носи на првиот запис.
Претходен запис
Ве носи на претходниот запис.
Следен запис
Ве носи на следниот запис.
Последен запис
Ве носи на последниот запис.
Зачувај запис
Зачувува нов запис со податоци. Промената е регистрирана во базата на податоци.
Отповикај: Запис на податоци
Ви овозможува да отповикате внес на податоци.
Нов запис
Креира нов запис.
Избриши запис
Брише запис. Треба да биде потврдено пред бришење.