Уредување графички објекти

Изберете Приказ - Алатници - Цртање за отворање на алатникот Цртање, ако веќе не е отворена.

Цртањето објекти може последователно да се уредува и изменува. Цртањето објекти креирани на овој начин има векторски графики, на кои што подоцна можете да го смените размерот без губење на квалитетот.

За креирање на правоаголник, кликнете на иконата за правоаголник и поместете го Вашиот покажувач на местото во документот каде што сакате да биде едниот агол. Притиснете го копчето на глушецот и задржете го додека влечете до спротивниот агол на правоаголникот. Кога ќе го отпуштите копчето на глушецот, се вметнува правоаголникот во документот. Избрано е и можете да ги уредувате својствата преку контекстното мени.

Note Icon

За враќање на режим со обичен текст по креирање и уредивање на објектите за цртање, кликнете во објект на документот кој што не содржи објекти за цртање или други објекти. Ако видите покажувач за цртање, прво излезете од овој режим со кликање на иконата Избери.


Please support us!