Алатка за пријавување грешки

Алатката за пријавување грешки се стартува автоматски кога ќе настане пад на програмата. Ако програмата влезе во бесконечна јамка и не реагира на притискање на тастерите или кликања со глушецот, во тој случај можете рачно да ја стартувате Алатката за пријавување грешки.

Алатката за пријавување грешки ги собира сите потребни информации кои може да им помогнат на развивачите на програмата да го подобрат кодот, со цел во поновите верзии оваа грешка да може да се одбегне. Помогнете ни да го подобриме софтверот и испратете го генерираниот извештај за грешки.

Стартување на Алатката за пријавување грешки

При повеќето падови на програми, Алатката за пријавување грешки се стартува автоматски. Сепак, ако програмата е заглавена и алатката не се стартува автоматски, можете рачно да ја стартувате.

Завршување на извештајот

Во главниот дијалог за Алатки за пријавување грешки, можете да внесете некои додатни информации коишто може да им помогнат на развивачите да ја утврдат грешката. На пример, ако грешката се јавува само по измена во Вашата хардвер или софтвер околина, или по кликање на копче, внесете ги тие информации.

Испраќање на Извештајот за грешки

Алатката за пријавување грешки го користи HTTP PUT / SOAP протоколот за испраќање на извештаите со податоци. По избор можете да внесете некој текст за опис којшто ќе ни помогне да ги препознаеме околностите при падот на програмата. Потоа, кликнете на копчето Испрати.

Warning Icon

Нема да добиете одговор на Вашиот извештај за грешки. Ако Ви е потребна поддршка, посетете го форумот за поддршка на Интернет.


Можете да одговорите на прашањата кои развивачите ги поставиле за пријавената грешка. Означете го полето за означување ако сакате да бидете контактирани преку е-пошта. Стандардно, ова поле не е означено, така што нема да примите е-пошта.

Кои податоци се испратени?

Извештајот за грешки се состои од неколку датотеки. Главната датотека содржи информации за типот на грешката, името и верзијата на оперативниот систем, искористеноста на меморијата и описот којшто сте го внеле. Можете да кликнете на копчето Прикажи извештај на главниот дијалог на Алатката за пријаување грешки за да видите што ќе се испрати во главната датотека.

Покрај ова, се собираат потребните содржини на меморијата и стек трагите од некои системски стандардни алатки ("dbhhelp.dll" на Windows системи, "pstack" на UNIX системи). И овие податоци ќе се испратат.

Please support us!