Копирање области на табеларни пресметки во текстуални документи
-
Отворете ги текстуалниот документ и табеларната пресметка.
-
Изберете ја областа на листот која сакате да ја копирате.
-
Посочете ја избраната област и притиснете го копчето на глушецот. Држете го притиснато накратко и потоа повлечете ја областа во текстуалниот документ.
Ако документите не се видливи еден до друг, прво повлечете го покажувачот на глушецот на копчето на одредишниот документ. Држете го притиснато копчето на глушецот. Документот е прикажан, и можете да го движите покажувачот на глушецот во него.
-
Отпуштете го копчето на глушецот, кога покажувачот е поставен на местото каде што сакате да се вметне областа на листот. Областа на листот се вметнува како OLE објект.
-
Во кој било момент можете да го изберете и уредите OLE објектот.
-
Кликнете двапати на OLE објектот за да го уредите.
Во спротивно, изберете го објектот и изберете Уреди - Објекти - Уреди или Уреди од контекстното мени. Можете да го уредите објектот во сопствената рамка во текстуалниот документ, и ќе ги видите иконите и мени командите потребни за табеларни пресметки.
-
Изберете Отвори за да го отворите изворниот документ на OLE објект.