Копирање графики од еден во друг документ
Можете да копирате графика од еден во друг документ со повлечи и пушти. Ако сакате да го објавите Вашиот документ, почитувајте ги авторските права и побарајте согласност од авторите.
-
Отворете го документот во кој сакате да го вметнете графичкиот објект.
-
Отворете го документот од кој сакате да се копира графиката.
-
Кликнете на графиката додека го држите Опција Alt тастерот, за да ја изберете без да се извршат соодветните хиперврски.
-
Држете го притиснато копчето на глушецот додека објектот се копира во внатрешната меморија.
-
Повлечете ја графиката во друг документ. Ако документите не се видливи еден до друг, прво поставете го покажувачот на глушецот на копчето на одредишниот документ додека го држите притиснато копчето на глушецот. Потоа, документот е прикажан и можете да го движите покажувачот на глушецот во него.
-
Штом покажувачот на сив текст ја означи позицијата каде што сакате да се вметне копијата на сликата, отпуштете го копчето на глушецот.
-
Ако графиката е поврзана со хиперврска, се вметнува хиперврската а не графиката.