Дизајн на табела

Овој оддел содржи информации како да креирате нова табела со бази на податоци во приказ на дизајн.

Отворете ја датотеката со бази на податоци на базата на податоци каде што сакате да има нова табела. Кликнете на иконатаТабели. Изберете Креирај табели во приказ на дизајн за креирање на нова табела.

Сега можете да ги креирате полињата за Вашата табела во Дизајн приказот.

Note Icon

Секое поле може да прими само податоци кои што се однесуваат на одредениот тип на поле. На пример, не е можно да се внесе текст во поле за броеви. Полињата со пораки во dBase III формат се референци на внатрешно-управуваните текстуални датотеки кои што може да содржат до 64KB текст.


Можете да внесете изборен Опис за секое поле. Текстот на описот ќе се појави како совет на заглавјето на колоната во приказот на табела.

Својства на поле

Внесете својства за секое избрано поле со податоци. Во зависност од типот на базата на податоци, одредени влезни елементи може да не се достапни.

Во полето Стандардна вредност внесете ја стандардната содржина за секој нов запис. Можете да ја уредите подоцна оваа содржина.

Во полето Потребен запис назначете дали полето може да остане празно.

За полето Должина, може да се прикаже комбинирано поле кое ги овозможува изборите кои ви се достапни.

Преглед на базата на податоци

Please support us!