Работење со форми

Со користење на форми, можете да дефинирате како да се презентираат податоците. Отворете текстуален документ или табеларна пресметка и вметнете ги контролите како копчиња за притискање и полиња со листа. Во дијалозите за својства на контролите, можете да дефинирате кои податоци ги прикажуваат формите.

Креирање на нова форма со Волшебникот за форми

Во LibreOffice, можете да креирате нова форма со употреба на Волшебник за форми:

  1. Отворете ја датотеката со бази на податоци каде што сакате да се креира новата форма.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата со податоци, кликнете на иконата Форми.

  3. Кликнете Користете Волшебник за креирање форми.

Рачно креирање на нова форма

  1. Отворете ја датотеката со бази на податоци каде што сакате да се креира новата форма.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата со податоци, кликнете на иконата Форми.

  3. Кликнете Креирај форма во приказ на дизајн.

Се отвора нов текстуален документ. Употребете го Контроли на форма за вметнување на форми на контрола.

Note Icon

Кликнете на иконата Форми за пристап до сите форми кои се креирани од тековниот прозорец на бази на податоци. Дополнително, можете да ги употребувате иконитеКонтроли на форми за додавање на контроли на форми за бази на податоци на кој било Writer или Calc документ, но овие документи нема да се листаат во прозорецот на базата на податоци.


Please support us!