Копирање објекти за цртање во други документи
Во LibreOffice можно е да се копираар објекти за цртање помеѓу текст, табеларни пресметки и документи за презентации.
-
Изберете го објектот или објектите за цртање.
-
Копирајте го објектот за цртање во таблата со исечоци, на пример, со употреба на Команда Ctrl+C.
-
Префрлете се до другиот документ и поставете го покажувачот каде што треба да се вметне објектот за цртање
-
Вметнете го објектот за цртање, на пример, со употреба на Команда Ctrl+V.
Вметнување во текстуален документ
Вметнатиот објект е вкотвен со тековниот пасус. Можете да ја смените котвата со избирање на објектот и кликнување на Смени котва иконата на OLE-објект лентата со алатки или Рамка лентата со алатки. Ова отвора скокачко мени каде што можете да го изберете видот на котвата.
Вметнување со табеларна пресметка
Вметнат објект за цртање е вкотвен во тековната ќелија. Можете да ја смените котвата помеѓу ќелијата и страницата со избирање на објектот и кликање на Смени котва иконата .