Додавање текстура на графикон со ленти

Можете да додавате текстура на лентите во график или графикон (наместо стандардните бои) преку графиките со битмапа:

  1. Кликнете двапати на графиконот за да влезете во режимот за уредување.

  2. Кликнете двапати на било која лента која сакате да ја уредите. Сега се избрани сите ленти од овој вид.

    Ако сакате да уредите само една лента, кликнете двапати повторно на таа лента.

  3. Во контекст менито изберете Својства на објект. Потоа изберете го ливчето Област.

  4. Кликнете на Битмапа.Во полето за листање изберете битмапа како текстура за избраните ленти. Кликнете Во ред за прифаќање на поставувањето.

Please support us!