Форматирање индекс или содржина

Може да примените различни стилови на пасус, да доделите хиперврски на елементи, да го промените изгледот на индексите, и да ја промените бојата на подлогата на индексите во дијалогот Вметнување индекс.

За да примените друг стил на пасус на ниво во индекс:

  1. Кликнете со десното копче на глушецот во индексот или содржината ипотоа изберете Уреди индекс/табела.

  2. Кликнете на ливчето Стилови.

  3. Кликнете на некое ниво на индекс во листата Нивоа.

  4. Кликнете го стилот што сакате да го примените во листата Стил на пасус.

  5. Клкнете го копчето за доделување <.

  6. Click OK.

За да доделите хиперврски на елементи во содржина:

Можете да доделите референца како хиперврска на елементи во содржина.

  1. Кликнете со десното копче од глушецот на содржината, и потоа изберете Уреди индекс/Табела.

  2. Кликнете на ливчето Елементи.

  3. Кликнете на нивото на заглавие на кое сакате да доделите хипервски во листата Ниво.

  4. Во областа Структура, кликнете на полето пред E#, и потоа кликнете на Хиперврска.

  5. Кликнете на полето зад E и потоа кликнете на Хиперврска.

  6. Повторете за секое ниво на заглавие за кое сакате да креирате хиперврски, или кликнете на копчето Сите нивоа за да се примени форматирањето на сите нивоа.

Creating a Table of Contents

Дефинирање елементи на индекс или содржина

Ажурирање, уредување и бришење индекси и содржини

Уредување или бришење елементи на индекси и табели

креирање алфабетски индекси

User-Defined Indexes

Креирање библиографии

Indexes Covering Several Documents