Пресметување низ табели

Можете да правите пресметки што се протегаат низ повеќе од една табела во одреден текстуален документ.

  1. Отворете текстуален документ, вметнете две табели и внесете броеви во неколку ќелии во двете табели.

  2. Поставете го покажувачот во празна ќелија во една од табелите.

  3. Притиснете F2.

  4. Во Лентата за формули внесете ја функцијата што сакате да ја извршите, на пример, „=SUM“.

  5. Кликнете на ќелија што содржи број, притиснете плус (+), а потоа кликнете на друга ќелија што содржи број.

  6. Притиснете Enter.

Алатник за формули

Пресметување во текстуални документи

Пресметување сложени формули во текстуални документи

Пресметување и вметнување на резултатот од формула во текстуален документ

Пресметување на сума од низа на ќелии во табела