Прикажување на резултатот од пресметка во табела во друга табела
Можете да направите пресметка на ќелии во една табела и да го прикажете резултатот во друга табела.
-
Отворете текстуален документ, вметнете табела со повеќе колони и редови и вметнете друга табела што се состои од една ќелија.
-
Внесете броеви во некои од ќелиите од големата табела.
-
Поставете го покажувачот во табелата со една ќелија и притиснете F2.
-
Во Лентата за формули внесете ја функцијата што сакате да ја извршите, на пример, „=SUM“.
-
Кликнете во ќелија од големата табела што содржи број, притиснете го знакот плус (+) и кликнете на друга ќелија што содржи број.
-
Притиснете Enter.
Ако сакате, можете да ја форматирате табелата да се однесува како нормален текст. Вметнете ја табелата во рамка и вкответе ја рамката како знак. Рамката останува вкотвена до прилепениот текст и кога вметнувате или бришете текст.