Пресметување во текстуални документи

Можете да вметнете пресметка директно во текстуален документ или во текстуална табела.

  1. Кликнете во документот каде што сакате да ја вметнете пресметката, а потоа притиснете F2. Ако сте во ќелија од табела, напишете =.

  2. Напишете ја пресметката што сакате да ја вметнете, на пример, „=10000/12“, а потоа притиснете Enter.

Исто така можете да кликнете на иконата Формула на Лента за формули, а потоа изберете функција за вашата формула.

Note Icon

За да се повикате на ќелии од текстуална табела во Writer, вклучете ја адресата на ќелијата или опсегот ќелии во аглести загради. На пример, за да се повикате на ќелијата А1 од друга ќелија, внесете =<A1> во ќелијата.


Алатник за формули

Пресметување сложени формули во текстуални документи

Пресметување и вметнување на резултатот од формула во текстуален документ

Пресметување на сума од низа на ќелии во табела

Пресметување низ табели