Користење на Автоматски текст

Во LibreOffice Writer, можете да зачувате текст - што содржи и графика, табели и полиња - како Автоматски текст, за да можете подоцна брзо да го вметните текстот. Ако сакате, можете да зачувате и форматиран текст.

Креирање на елемент Автоматски текст

  1. Означете го текстот, текст со графика, табела или поле кое што сакате да го зачувате како елемент Автоматски текст. Графика може да биде зачувана само ако е вкотвена како знак и ѝ претходи или ја следи барем еден текстуален знак.

  2. Изберете Датотека - Изнеси.

  3. Изберете категорија каде што сакате да го зачувате автоматскиот текст.

  4. Напишете име што е подолго од четири знаци. Ова ви овозможува да ја користите опцијата од Автоматски текст Прикажи го остатокот од името како предлог при пишување. Ако сакате, можете да ја измените предложената кратенка.

  5. Кликнете на копчето Автоматски текст, а потоа изберете Ново.

  6. Кликнете на копчето Затвори.

Вметнување на елементот Автоматски текст

  1. Кликнете каде што сакате да вметните елемент Автоматски текст во вашиот документ.

  2. Изберете Уреди - Автоматски текст.

  3. Изберете го автоматскиот текст што сакате да го вметните, а потоа кликнете Вметни.

Исто така можете да ја напишете кратенката за елемент Автоматски текст, потоа притиснете F3 или кликнете на стрелката што се наоѓа веднаш до иконата Автоматски текст воВметни лентата, а потоа избери елемент Автоматски текст.

Tip Icon

За брзо внесување формула во LibreOffice Math, напишете "FN" и потоа притеснете F3. Ако внесете повеќе од една формула, формулите се нумерирани последователно. За да внесете лажен текст, напишете "DT" и притеснете F3.


За да испечатите листа од Елементи на Автоматски текст

  1. Изберете Алатки - Макроа - Организирај макроа - LibreOffice Basic.

  2. In the Macro from tree control, select LibreOffice Macros - Gimmicks - AutoText.

  3. Select "Main" in the Existing macros in: AutoText list and then click Run. A list of the current AutoText entries is generated in a separate text document.

  4. Избери Датотека - Печати.

Користење Автоматски текст при мрежни инсталации

Можете да зачувате елементи на Автоматски текст во различни именици од мрежа.

На пример, можете да зачувате „само за читање“Автоматски текст елементи за вашата компанија на централен сервер, а корисничко дефинираните Автоматски текст елементи во локален именик.

Патеките за имениците на Автоматски текст може да бидат уредени во конфигурацијата.

Овде се прикажани два именици. Првиот елемент е на серверот, а вторитот елемент е во корисничкиот именик. Ако има два Автоматски текст елементи со истото име, во двата именика се користи елементот од корисничкиот именик.