Исклучување на Автоматско форматирање и Автоматска корекција
По дефиниција, LibreOffice автоматски поправа многу вообичаени грешки при пишување и применува форматирање при пишување.
-
За брзо да ја отповикате автоматската корекција или довршување, притиснете Command Ctrl+Z.
-
To turn off most AutoCorrect features, remove the check mark from the menu Tools - AutoCorrect - While Typing.
За да отстраните збор од листата за Автоматска корекција:
-
Изберете Алатки - Автоматска корекција.
-
Кликнете на ливчето Замени.
-
Во листата од Автоматска корекција изберете го парот на зборови што сакате да го отстраните.
-
Кликнете Избриши.
За да ја прекинете замената на наводници:
-
Изберете Алатки - Автоматска корекција.
-
Кликнете на ливчето Сопствени наводници
-
Избришете ги полињата за означување во Замени.
За да го прекинете поставувањето на почетна голема буква во реченица:
-
Изберете Алатки - Автоматска корекција.
-
Кликнете на ливчето Опции.
-
Избришете го полето за означување Напиши ја како голема првата буква на секоја реченица.
За да го запрете цртањето линија кога ќе напишете три идентични знака:
LibreOffice автоматски црта линија кога ќе напишете три од следните знаци и ќе притиснете Enter: - _ = * ~ #
-
Изберете Алатки - Автоматска корекција.
-
Кликнете на ливчето Опции.
-
Избришете го полето за означување Примени раб.