Креирање нумерирани листи или листи со точки при пишување

LibreOffice може автоматски да примени нумерирање или точки при пишување.

Овозможување автоматско нумерирање и ставање точки

  1. Изберете Алатки - Автоматска корекција, кликнете на ливчето Опции, а потоа изберете Примени нумерирање - симбол.

  2. Choose Tools - AutoCorrect, and ensure that While Typing is selected.

Tip Icon

Опцијата за автоматско нумерирање се применува единствено на пасуси што се форматирани со стилот на пасус „Стандардно“, „Тело на текст“ или „Вовлекување на телото на текстот“ .


Креирањее нумерирана листа или листа со точки при пишување

  1. Напишете 1., i. или I. за да започнете нумерирана листа. Напишете * или - за да започнете листа со точки. Исто така можете да напишете мала отворена заграда наместо точка по даден број, на пример, 1) или i).

  2. Внесете празно место, напишете го текстот, а потоа притиснете Enter. Новиот пасус автоматски го добива следниот број или точка.

  3. Притиснете Enter за да ја завршите листата.

Note Icon

Можете да започнете нумерирана листа со било кој број.


Numbering and Numbering Styles

Форматирај - Точки и нумерирање