Комбиниран приказ

Прикажува тековни информации за активниот документ.

Кога покажувачот се наоѓа во именуван дел се појавува името на тој дел. Кога покажувачот се наоѓа во табела, се појавува името на ќелијата на дадената табела. Големината на објектот се прикажува кога ќе внесете рамки или објекти за цртање.

Кога покажувачот е позициониран во рамките на текст, со двојно притискање на ова поле може да го отворите дијалоготПолиња. Во овој дијалог, може да внесете поле во тековната позиција на покажувачотво вашиот документ . Кога покажувачот е позициониран во табела, со двојно притискање на ова поле ќе се повика дијалогот Формат на табела. Во зависност од изборот на објект, можете да повикате дијалог за да уредите дел, графички објект, лебдечка рамка, OLE-објект, директно нумерирање на позицијата и големината на објектот за цртање.