Број на страница

Тековниот број на страницата е прикажан во ова поле од статусната лента. Со двојно притискање на копчето се отвара Навигаторот,со кој можете да се движите низ документот. Со притискање на десното копче од глушецот се прикажуваат сите обележувачи во документот. Кликнете на обележувачот за да го поставите покажувачот на текст на локацијата на обележувачот.

Прикажаната страница (x) и вкупниот број на страници (y) се прикажани во формата Страница x/y Кога се движете низ документот со глушецот, бројот на страницата се прикажува кога ќе го отпуштите копчето на глушецот. Кога се движите со помош на десната лента за движење, бројот на страниците се прикажани како совет од Помошта. Форматот на нумерирање на страници на статусната лента и лентата за движење се идентични.

Можете да го вклучите или исклучите прикзот на Навигаторот со двојно притискање на полето Број на страница .

За да отидете до одредена страница, внесете го бројот на страница во Страницасо копчето за ротирање во Навигаторот и потоа притиснете Enter.

Note Icon

Со притискање на кратенките на тастатурата Shift++F5, се префрлате во внесување на број на страница, а кога ќе притиснете Enter, покажувачот се поместува на избраната страница.