Делови од формула кои се подредуваат рачно

Како ги подредувате брзо и лесно знаците во LibreOffice Math?

За да го завршите ова мора да дефинирате празни групи знаковни низи. Тие не бараат многу место, но носат информации кои помагаат во процесот на подредување.

За да направите празни групи, внесете големи загради {} во командниот прозорец. Во следниот пример, целта е да се постигне прекин на линијата така што знаците плус се еден под друг, дури и ако еден знак помалку е внесен во погорната линија:

a+a+a+{} нова линија {}{}{}{}{}a+a+a+a

Празните низи од знаци се едноставен начин да се осигурате дека текстовите и формулите се подредени в лево. Тие се дефинирани со користење на наводници "" . Осигурајте се дека не употребувате долни наводници. Пример:

"Понатамошен пример." нова линија a+b нова линија ""c-d

Спојување на делови на формула во загради