Копчиња за кратенки во формула

Во оваа секција е содржан список на копчиња за кратенки специфични за создавање на формули.

Општите копчиња за кратенки во LibreOffice се исто така применливи.

Кратенки за функции на формулите

Следниве кратенки одговараат на командите од менијата Уредување и Приказ .

F3

Следна грешка

Shift+F3

Претходна грешка

F4

Следна ознака (Резервирано место)

Shift+F4

Претходна ознака (Резервирано место)

F9

Ажурирај

Navigation in the Elements pane

Стрелка за лево или десно

Поместува лево или десно кон следната категорија или функција.

Копчето Enter

Избира категорија (во секцијата за категории) или вметнува функција во прозорецот за команди (во секцијата за функции).

Табулатор

Прескокнува од првата ставка во категоријата кон првата функција на категоријата.

Shift+Tab

Прескокнува од последната ставка во категоријата до последната функција на категоријата.