Карактеристики на LibreOffice Impress

LibreOffice Impress Ви овозможува да креирате професионални презентации кои може да содржат графикони, нацртани објекти, текст, мултимедија и многу други елементи. Ако сакате можете дури и да внесете и да изменувате презентации од Microsoft PowerPoint.

За презентации што ќе се прикажуваат на екран, анимациите, преодите на слајдови и мултимедијалните содржини се само некои од техниките што може да ги користите за да ја подобрите Вашата презентација.

Креирање векторска графика

Многу од алатките за креирање векторска графика во LibreOffice Draw се достапни и во LibreOffice Impress.

Креирање слајдови

LibreOffice Impress Ви нуди обрасци за креирање на слајдови со професионален изглед.

Исто така може да доделите голем број динамички ефекти на Вашите слајдови, вклучувајќи и анимации и ефекти на преод.

Креирање презентации

Кога правите презентација, на располагање Ви стојат неколку прегледи на страниците. На пример, подредувачот на слајдови прикажува преглед на Вашите слајдови во форма на сликички, додека страницата со извадоци ги прикажува и слајдот и текстот што сакате да го дистрибуирате на публиката.

LibreOffice Impress исто така Ви дозволува да ги испробате времињата за слајдовите од Вашата презентација.

Издавање на презентации

Вашите презентации може да ги издадете во формат за екран, како извадоци или како HTML-документи.

Презентирање

LibreOffice Impress Ви дава избор дали слајдовите од презентацијата ќе се менуваат автоматски или ќе ги менувате рачно.