Вчитување стилови на линија и стрелки

Можете да употребите стилови за организирање слични типови на линија и стрелки. LibreOffice овозможува неколку стандардни датотеки со стилови кои можете да ги вчитате и употребите во вашиот документ. Ако сакате, можете да додавате или избришете елементи од датотека со стил, или дури да креирате сопствена датотека со стил.

За вчитување на датотека со стиловии на линија:

  1. Изберете Форматирај - Линија, и потоа кликнете го Стилови на линија табот.

  2. Кликнете го Вчитај стилови на линија копчето.

  3. Лоцирајте ја датотеката која ги содржи новите стилови на линија кои сакате да се вчитаат, и потоа кликнете на click OK. Датотеката го има форматот [filename].sod.

За зачувување на датотека со стилови на линија, кликнете го Зачувај стилови на линија копчето, внесете име на датотека и потоа кликнете OK.

За вчитување на датотека со стилови на стелка:

  1. Изберете Форматирај - Линија, и потоа кликнете го Стилови на стрелка табот.

  2. Кликнете на Вчитај стилови на стрелка копчето.

  3. Лоцирајте ја датотеката која ги содржи новите стилови на линија кои сакате да се вчитаат, и потоа кликнете на click OK. Датотеката го има форматот [filename].sod.

За зачувување на датотека со стилови на линија, кликнете го Зачувај стилови на стрелка копчето, внесете име на датотека, и потоа кликнете OK.

Форматирај - Линија

Вчитување листи со бои, градиенти и шрафури