3Д објекти
Отворете го 3D објекти алатник, каде можете да додадете 3D облици на тековниот слајд.
3Д објекти
За ротирање на 3D објект околу било која од трите оски, кликнете за избирање на објектот и потоа повторно кликнете за прикажување на рачките за ротација. Влечете ја рачката во насоката во која сакате да се ротира објектот.
Коцка
Црта пополнета коцка каде што влечете во слајдот. За цртање на 3D правоаголник, задржете Shift додека влечете.
Коцка
Топка
Црта пополнета топка каде што влечете во слајдот. За цртање на сфероид, задржете Shift додека влечете.
Топка
Цилиндар
Црта цилиндер кој е базиран на круг каде што влечете во слајдот. За цртање на цилиндер кој е базиран на овален објект, задржете Shift додека влечете.
Цилиндар
Конус
Црта конус кој е базиран на круг каде што влечете во слајдот. За цртање на конус кој е базиран на овален објект, задржете Shift додека влечете.
Конус
Пирамида
Црта пирамида со квадратна основа каде што влечете во слајдот. За цртање на пирамида со правоаголна основа, задржете Shift додека влечете. За одредување друг полигон за основата на пирамидата, отворете го 3D ефекти дијалогот и кликнете Геометрија табот. Во Сегменти областа, внесете го бројот на страните за полигонот во поле означено Хоризонтално и потоа кликнете го зелениот означувач.
Пирамида
Торус
Црта објект со облик на прстен кој е базиран на круг каде што влечете во слајдот. За цртање на торус кој е базиран на овален објект, задржете Shift додека влечете.
Торус
Школка
Црта објект во облик на кугла кој е базиран на круг каде што влечете во слајдот. За цртање на школка која е базирана на овален објект, задржете Shift додека влечете.
Школка
Полутопка
Црта половина топка кога влечете во слајдот. За цртање на половина сфероид, задржете Shift додека влечете.
Полутопка