Крива

Крива иконата на Цртање лентата го отвора Линии алатникот, каде што можете да додадете линии и облици на тековниот слајд.

Ако го задржите копчето Shift, движењето на глувчето е ограничено на множење од 45 степени. Ако го задржите копчето, новата точка нема да биде поврзана со последната точка. Ова ви овозможува да креирате објекти кои се состојат од криви кои не се поврзани заедно. Ако цртате помал објект додека го држите копчето во поголем објект кој што сеуште не е затворен, помалиот објект се одзема од поголемиот, и се појавува како дупка во поголемиот.

Затворените облици автоматско го добиваат пополнувањето кое е прикажано во Стил/пополнување на област полето на Линија и пополнување лентата.

Крива, исполнета

Црта пополнет затворен облик кој е базиран на Bézier крива. Кликнете каде сакате да почне кривата, влечете, пуштете и потоа преместете го курсорот каде што сакате да заврши кривата и кликнете. Преместете го курсорот и повторно кликнете за додавање на праволиниски сегмент на кривата. Двоен клик за затворање на обликот.

Икона

Крива, исполнета

Полигон, исполнет

Црта затворен облик составен од праволиниски сегменти. Кликнете каде што сакате да почне полигонот и влечете за цртање на линиски сегмент. Кликнете повторно за одредување на крајот на линискиот сегмент и продолжете со кликање за одредување на останатите линиски сегменти на полигонот. Двоен клик за завршување со цртање на полигонот. За ограничување на полигонот со агли од 45 степени, задржете Shift кога кликате.

Икона

Полигон, исполнет

Полигон (45°), исполнет

Црта затворен облик составен од праволиниски сегменти кои се ограничени со агли од 45 степени. Кликнете каде сакате да почне полигонот и влечете за цртање на линиски сегмент. Кликнете повторно за одредување на останатите линиски сегменти на полигонот. Двоен клик за завршување со цртање на полигонот. За цртање на полигон кој не е ограничен со агол од 45 степени, задржете Shift кога кликате.

Икона

Полигон (45°), исполнет

Произволна права, пополнета

Црта линија со слободен облик каде што влечете во слајдот. Кога ќе отпуштите, LibreOffice креира затворен облик со цртање на праволиниски сегмент од крајот кон почетокот на линијата. Обликот помеѓу линиите ќе биде пополнет со тековната боја на областа.

Икона

Произволна права, пополнета

Крива

Црта мазна Bezier крива. Кликнете каде што сакате да започнува кривата, влечете, отпуштете, и потоа движете го покажувачот каде што сакате да завршува кривата и кликнете. Движете го покажувачот и повторно кликнете за да и додадете на кривата права линија. Кликнете два пати за да завршите со цртањето. За да креирате затворена форма, кликнете два пати на почетната точка на кривата. Лакот на кривата го определувате со растојанието на кое влечете.

Икона

Крива

Полигон

Црта линија составена од серии од прави линии. Влечете за да нацртате линија, кликнете за да ја дефинирате крајната точка на линијата и потоа влечете за да нацртате нова линија. Кликнете два пати за да завршите со цртањето. За да креирате затворена форма, кликнете два пати на почетната точка од линијата.

Задржете го тастерот Shift додека цртате многуаголник за да ги позиционирате новите точки на агол од 45 степени.

Режимот Уреди Точки во овозможува интерактивно да ги уредувате одделните точки на многуаголникот.

Икона

Полигон

Полигон (45°)

Црта линија составена од серија праволиниски сегменти, кои се ограничени со агли од 45 степени. Влечете за цртање линиски сегмент, кликнете за одредување на крајот на линискиот сегмент и потоа влечете за цртање на нов линиски сегмент. Двоен клик за завршување со цртање на линијата. За креирање на затворен облик, задржете и двојно кликнете.

Икона

Полигон (45°)

Произволна права

Црта произволна линија каде што влечете во тековниот документ. За да ја завршите линијата, отпуштете го копчето на глувчето. За да нацртате затворена форма, отпуштете го копчето на глувчето до почетната точка на линијата.

Икона

Произволна права