Алатник за уредување точки

Алатникот за уредување точки се појавува кога ќе изберете полигон (објект) и ќе кликнете на Уреди точки.

Понудените функции Ви овозможуваат да ги уредувате точките од крива или објект претворен во крива. Достапни се следните икони:

Уреди точки

Иконата Уреди точки Ви овозможува да го активирате или деактивирате режимот за уредување на Безјеови објекти. Во режимот за уредување може да се избираат поединечни точки од нацртаниот објект.

Икона

Уреди точки

Премести точки

Активира режим во кој можете да поместувате точки. Покажувачот на глушецот прикажува мал празен квадрат кога е над некоја точка. Таа точка може да ја одвлечете на некоја друга локација. Кривата на двете страни на точката го следи движењето, а делот од кривата меѓу следните точки ја менува формата.

Со покажувачот застанете на кривата меѓу две точки или во затворена крива и влечете го покажувачот на глушецот за да ја промените целата крива без да ја изобличите формата.

Икона

Премести точки

Вметни точки

Го активира режимот за вметнување. Овој режим Ви овозможува да вметнувате точки. Може и да поместувате точки, исто како во режимот за поместување. Но ако кликнете на кривата меѓу две точки и го поместите глушецот малку додека го држите копчето, вметнувате нова точка. Точката е мазна точка и линиите до контролните точки се паралелни и остануваат такви кога се поместуваат.

Ако сакате да креирате аголна точка прво мора да вметнете или мазна или симетрична точка што потоа ќе биде претворена во аголна точка со користење на Аголна точка.

Икона

Вметни точки

Избриши точки

Користете ја иконата Избриши точки за да избришете една или повеќе избрани точки. Ако сакате да изберете повеќе точки, кликнете ги соодветните точки додека го држите копчето Shift.

Прво изберете ги точките што треба да бидат избришани и потоа кликнете на оваа икона или притиснете Del.

Икона

Избриши точки

Раздели крива

Иконата Раздели крива ја разделува кривата. Изберете ја точката или точките каде што сакате да ја разделите кривата и потоа кликнете на иконата.

Икона

Раздели крива

Претвори во крива

Претвора крива во права линија или претвора права линија во крива. Ако изберете една точка, ќе биде претворена кривата пред точката. Ако се избрани две точки, ќе биде претворена кривата меѓу двете точки. Ако изберете повеќе од две точки, секој пат кога ќе кликнете на оваа икона, ќе биде претворен друг дел од кривата. Ако е потребно, заоблените точки се претвораат во аголни точки и аголните точки се претвораат во заоблени точки.

Ако е одреден дел од кривата прав, крајните точки од линијата имаат максимум по една контролна точка секоја. Тие не можат да бидат променети во заоблени точки освен ако правата линија се претвори назад во крива.

Икона

Претвори во крива

Аголна точка

Ја претвора избраната точка или точки во аголни точки. Аголните точки имаат две независни подвижни контролни точки. Со тоа кривата линија не оди право низ аголната точка, туку формира агол.

Икона

Аголна точка

Мазен преод

Претвора аголна точка или симетрична точка во мазна точка. Двете контролни точки од аголната точка се порамнети паралелно и можат да бидат поместени само истовремено. Контролните точки можат да се разликуваат во должина што Ви овозможува да го варирате степенот на закривеност.

Икона

Мазен преод

Симетричен преод

Оваа икона претвора аголна точка или мазна точка во симетрична точка. Двете контролни точки се порамнети паралелно и имаат иста должина. Тие можат да бидат поместувани само истовремено и степенот на закривеност е ист во двете насоки.

Икона

Симетричен преод

Затвори Безјеова

Затвора линија или крива. Една линија е затворена со поврзување на нејзината последна точка со првата точка, што е претставено со зголемен квадрат.

Икона

Затвори Безјеова

Елиминирај точки

Ја означува тековната точка или избраните точки за бришење. Ова се случува кога точката се наоѓа на права линија. Ако со иконата Претвори во крива претворите крива или полигон во права линија или измените крива со глушецот така што точката да лежи на правата линија, таа ќе биде отстранета. Аголот од кој треба да настане редукцијата на точките

Икона

Елиминирај точки