Додавање командно копче во документ

Можете да го користите алатникот Контроли на форми за додавање полиња за означување, табели кои прикажуваат записи на податоци и други контроли во документот.

За додавање копче на документ

  1. Изберете Приказ - Алатници - Контроли на форми.

  2. На алатникот Контроли на форми, кликнете на иконата Копче.

    Покажувачот на глушецот се менува во симбол со крст.

  3. Во документот, повлечи и пушти за цртање на копчето.

  4. Десен клик на копчето и изберете Контрола.

  5. Назначете ги својствата на копчето.

  6. За менување на ознаката на копчето, кликнете на ливчето Општо, и уредете го текстот во полето Ознака.

  7. За придружување на макро на копчето, кликнете на ливчето Настани, и кликнете го копчето ... покрај дејството на копчето кое што сакате да го стартува макрото. Во дијалогот Додели макро, лоцирајте го макрото кое што сакате да го користите, и потоа кликнете Во ред.

  8. Затворете го дијалогот Својства.

  9. (По избор) Назначете ги својствата на формата на која припаѓа копчето.

  10. Десен клик на копчето и изберете Форма.

  11. Се отвора дијалогот Својства на формата.

  12. Назначете ги својствата за формата и потоа затворете го дијалогот.