Копирање области на табеларни пресметки во текстуални документи

  1. Отворете ги текстуалниот документ и табеларната пресметка.

  2. Изберете ја областа на листот која сакате да ја копирате.

  3. Посочете ја избраната област и притиснете го копчето на глушецот. Држете го притиснато накратко и потоа повлечете ја областа во текстуалниот документ.

  4. Отпуштете го копчето на глушецот, кога покажувачот е поставен на местото каде што сакате да се вметне областа на листот. Областа на листот се вметнува како OLE објект.

  5. Во кој било момент можете да го изберете и уредите OLE објектот.

  6. Кликнете двапати на OLE објектот за да го уредите.

    Во спротивно, изберете го објектот и изберете Уреди - Објекти - Уреди или Уреди од контекстното мени. Можете да го уредите објектот во сопствената рамка во текстуалниот документ, и ќе ги видите иконите и мени командите потребни за табеларни пресметки.

  7. Изберете Отвори за да го отворите изворниот документ на OLE објект.

Влечење и пуштање во LibreOffice документи

Копирање графики од еден во друг документ

Копирање графики од Галеријата

Додавање графики во Галеријата